Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати. Така соопштија од Центарот за управување со кризи, во последното известување до јавноста. На територија на Македонија денеска се евидентирани 15 пожари на оврорен простор.
Активните пожари, најголемиот дел се во централните и западните делови од државата:
- Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
- Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
- Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
- Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
- Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
- Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)
- Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада) . „Под контрола“ се водат два пожари. Во Велес, кај селата Џимирци – Крушје – Иванковци и пожарот во Општина Желино, на планината Жеден. Овој пожар е актуелен втор ден бидејќи вчера градоначалникот, а денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, излегоа со тврдење дека некој го потпалува.











