На новинарско прашање на Телма, амбасадорката на САД Анџела Агелер порача дека мора да се следат законските одредби при процесите поврзани со интерпелацијата на петте члена на Судскиот совет која се одигра во Собранието.
„Не може да ги коментирам, ги следиме одблиску процесите. И процедурата во Собранието, исто и нивните изјави. И за секој од овие случаи најважнео е да се следи законот и да се следи со почитување и транспарентност за да биде јасен пред сите кои ги набљудуваат (тие процеси)“, одговори амбасадорката на САД, Анџела Агелер.











