Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелација ја дуплираше затворската казна за газдата на „Дурмо турс“ поради трагедијата кај Ласкарци кога во автобуска несреќа загинаа 16 патници- потврдена пресудата за возачот, а други обвинети добија повисоки казни

/

пред 531 дена

Сподели преку :

Скопскиот Апелационен суд ја прифати жалбата на обвинителството и на дел од осудените за трагедијата во Ласкарци од пред 6 години им ги зголеми казните. Меѓу оние кои добија поголеми казни се исопственикот на „Дурмо турс“ чиј автобус излета од патот како и одговорниот за транспорт во фирмата. На возачот му е потврдена висината на казната за трагедијата во која загинаа 16 луѓе, а 30-тина беа повредени.

На Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, скопска Апелација му изрече 10 години затвор додека првично доби казна од 4 години затвор.

Одговорниот за транспорт во Дурмо, Ремзи Мифтари доби иста таква 10-годишна затворска казна додека во прв степен му беше изречена 6-годишна казна. На возачот Маноил Трифуноски му е потврдена казната затвор од 14 години, а во казната ќе му биде пресметан и домашниот притвор.

На вработените во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски- казната им е зголемена од 5 години на 7 години затвор. Нивниот колега Јане Бовароски останува на првостепената казна од 5 години затвор.

Шестмината се осудени на вкупно 53 години затвор. Роднините на загинатите и повредените се упатени на барање отштета во парница пред Граѓанскиот суд.

Несреќата се случи на 13-ти февруари кога автобус на „Дурмо“ излета од горната лента на автопатот Скопје-Тетово, ја пресече лентата во спротивен правец и се преврте од неколку метри височина во непосредна близина на влезот во Ласкарци.

Судењето почна во втората половина на 2019-та, а пресудата ја помина Апелација до правоислност после 5 и пол години судење.  Поради зголемување на казните, дел од осудените може да поднесат барање за правен лек и пред Врховниот суд

По пожарот во Кочани, трагедијата во Ласкарци беше спомнувана при обидите за правење анкетна комисија во Собранието за трагедиите кои во Макдонија однесоа десетици жртви во несреќи, пожари и поплави.