Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Асмир Јахоски добил нов времен пасош, утрово се пријавил во суд како мерка за обезбедување,  Апелација одговара ние не издаваме пасоши, прашајте кај што издаваат

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Асмир Јахоски претпладнево се пријавил во скопскиот Кривичен суд и ја исполнил обврската за редовно пријавување во суд во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот при што тој е осомничен за перење пари. Јахоски бил на патување надвор од државата бидејќи претходно Апелациониот суд му ја прифатил жалбата и му дозволил издавање на времена патна исправа.

Од Кривичниот суд во Скопје велат дека во текот на мај, Кривичниот судски Совет во овој суд му ја отфрлил жалбата со барање да му биде издадена времена патна исправа поради деловни потреби и патување во странство. Но, Апелација донела поинаква одлука.

Од Скопскиот Апелационен суд пак велат дека тие не издаваат патни исправи и пасоши туку тоа е обврска на други надлежни институции и дека таму треба да се бара одговорот. Портпаролот на Апелација ни посочи дека одлуките во случајот се донесени во рамки на постапка по жалба на осомничениот.

Јахоски кој е сопственик на Пуцко Петрол е осомничен во рамки на истрагата со која се опфатени и сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и избеганиот поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Истрагата е поради злоупотреби со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино вредни над 160 милиони евра во време на енергетската криза.