Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без проблеми на избирачките места во Центар и Карпош до пладне

/

пред 349 дена

Сподели преку :

Претпладнето на вториот круг од локалните избори помина мирно и без проблеми. Телма го посети избирачкото место 2830 во училиштето „ 11 Октомври“ во скопската Општина Центар и 2614, што се наоѓа во училиштето „ Братство“ во Општина Карпош.

Претседателите на избирачките одбори рекоа дека гласањето почнало навреме во 7 часот и дека тече без проблеми. А, граѓаните поделени. Некои очекуваат избор на градоначалници и советници кои ќе го остварат ветеното и ќе ја подобра состојбата со патната инфраструктура и со ѓубрето. А, други немаат големи очекувања од кандидатите.

Мирно и без проблеми на избирачките места во вториот круг од локалните избори, во општините Центар и Карпош кои што ги посети Телма од утрово до пладне. Според претседателите на избирачките одбори, на избирачкото место 2830 во основното училиште „ 11 Октомври“ во Центар и на гласачкото место 2614 во училиштето „ Братство“, во Карпош, гласањето започнало навреме , во 7 часот, и немале никакви проблеми во неговиот тек..

  • „Избирачкото место беше отворено точно во 7 часот. Сѐ оди нормално, со нормален тек. Немаме до сега никаков проблем. Околу 10 и 45 часот излезноста беше околу 11, 5% од вкупно 795 гласачи. Сѐ навреме, го подигнавме вчера гласачкиот материјал . Како што е по упатствата постапивме. Го уредивме гласачкото место. Така што, сѐ тече во нормален редослед“, изјави Елеонора Дуовска- претседателка на Избирачки одбор на избирачко место 2614 во Карпош.

Граѓаните кои ги затекнавме на избирачките места очекуваат способни градоначалници и советници во општините, што ќе го исполнат ветеното. Да изградат нови улици и бргу да го исчистат ѓубрето низ Скопје. А, некои од граѓаните немаат големи очекувања од кандидатите.

Анкета на граѓани

  • Искрено, немам некои многу големи очекувања од нив. Не знам, не ми се допаѓаат.
  • Сѐ што ветија очекуваме да исполнат. Се надеваме дека овој пат ќе биде така.
  • Да се направи многу и оваа нечистотија што стана сѐ да исчистат. Не да чекат по четири месеци. За многу кратко време сѐ да снема.
  • Маџир Маало да го средат. Епа, тоа конкретно да се изградат улици, згради, тие работи што треба. Сѐ. Оти е за никаде.

На вториот круг од локалните избори право на глас имаат 1013375 гласачи, а од нив 474304 се во Скопје. За градоначалници се гласа во 32 општини и во градот Скопје.

Сотир Трајков

Дигитална обработка: Т.Д.