Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

/

пред 112 дена

Сподели преку :

ОЈО Битола отвори истрага против 36-годишен маж, осомничен дека во период од шест месеци силувал 12-годишно девојче. Според Обвинителството, контактот меѓу нив започнал преку социјалните мрежи. Поради опасност од бегство, повторување на делото и можност за влијание врз сведоците, за осомничениот е побаран притвор.

36 годишен битолчанен е осмничен дека  во повеќе наврати  силувал 12 годишно девојче.  Тој го сексуално го злоупотребувал девојче во изминатите 6 месеци, од јануари до јуни, на што му  претходела  комуникација преку  социјалните мрежи.  ОЈО Битола  веќе отвори истрага против него, а освен за продолжено кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“, 36 годишникот  се товари и затоа што на девојчето му  испраќал порнографски материјали. .

„Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело – Прикажување на порнографски материјал на дете, соопштија од обвинителството.

Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци,  обвинителството побара притвор, а за  предлогот  ќе одлучува судија на претходна постапка. Во меѓувреме, истрагата продолжува со прибирање докази и утврдување на сите околности на случајот.

Емилија Мисирлиевски