Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

БНР: ЕУ ги раздвојува Македонија и Албанија со која ќе почне преговори во октомври

/

пред 752 дена

Сподели преку :

Постојаните претставници на ЕУ на денешната средба во Брисел едногласно донесле одлука за почеток на преговори со Албанија за нејзино членство во ЕУ, објави бугарското национално радио (БНР).

Според дипломатските извори на БНР, тоа де факто значи одвојување на Р. Албанија и Р.С. Македонија во процесот за пристапување во ЕУ.

Почетокот на преговорите ќе се официјализира на 15:ти октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Основни вредности“.