Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

/

пред 551 дена

Сподели преку :

Осум дена по сторениот сообраќаен прекршок, Д.С. (брат на градоначалникот на Газибаба Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ), бил во полициската станица Пролет за да се пријави за казнен налог за пребрзо возење на булеварот Александар Македонски во Автокоманда. Ова го потврди министерот за внатрепни работи Панче Тошковски кој рече дека на лицето ќе му биде изречена глоба од 300 евра и забрана за управување со возило затоа што наместо со дозволените 50 km/h возел со 88 km/h. Случајот го обелодени СДСМ на партиска прес конференција.

Казната не била пишана затоа што братот на градоначалникот повикал началник кој на сообраќајниот полицаец преку телефон и според тврдењето на СДСМ, надвор од државата, му наредил да не му пишува казна на Стефковски. Но, откако било утврдено дека налогот веќе е направен, полицаецот добил „насоки“ да впише трето лице во казнениот налог, а иницијалите на казнетиот беа објавени на прес конференцијата.

За ова дело, Тошковски најави кривични пријави и санкции.

-Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и спротивно на стандардни оперативни процедури бидејќи дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на МВР со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи, изјави Тошковски во интервју за Сител.

Иако Тошковски наведе дека полициските службеници ниту било кој друг нема да се спаси од санкција, казна или пријава доколку го прекрши законот, од СДСМ реагираа со тврдење дека министерот само го признал скандалот и потврдил селективен пристап во работата.

СДСМ обвинува дека била скината казна за брзо возење на брат на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и била пишана на друг возач