По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за нестабилно време денеска, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните на внимателност од силно локално невреме.
Им се препорачува на граѓаните од попладнево да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Според УХМР викендов земјава на места ќе биде зафатенa од интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер, и можна појава на град.











