Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Царината заплени 10 лаптопи скриени во возило на рент-а-кар компанија

/

пред 116 дена

Сподели преку :

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра на влез во државата на граничниот премин Богородица.
Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиja претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот.
При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL.
Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот ги подигнал десетте лаптопи од карго-компанија во Солун, а потоа, со намера нелегално да ги внесе во државата, ги сокрил на различни места во возилото со кое патувал. Против лицето, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење.