Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цвета Ристовска ќе ја води ДКСК во избори- слика уште ѝ стои на сајтот на Универзитет Скопје, таа го затвори предметот за директорот на АНБ

/

пред 429 дена

Сподели преку :

Во изборниот период, Антикорупциската комисија ќе ја води како заменик-претседател, членот на комисијата Цвета Ристовска. Нејзината функција добива на значење додека мирува изборот на нов претседател на ДКСК, откако си даде оставка обвинетата Татјана Димитровска, бидејќи комисијата има голема улога при спроведување на изборите.

Ристовска е избрана едногласно и со констатација, бидејќи заменик претседател на ДКСК се бира по азбучниот редослед на имињата на членовите и нејзиниот ред дојде сега. Цвета Ристовска е дел од т.н. ревизорско трио во актуелниот состав на Антикорупциската во кое беше и обвинетата Димитровска и Зоран Богоевски.

Ристовска го работеше познатиот случај за Бојан Христовски и не утврди дека му фалат документи за да ја врши функцијата директор на АНБ. Таа соопшти дека за ТОЕФЛ сертификатот од бугарското јазично школо „Јулија“ важи правилото за презумпција на невиност на документи, бидејќи обвинителството водеше истрага со која надлежниот обвинител утврди дека тој документ за англиски јазик на Христовски престанал да важи пред да биде избран за прв човек на националната безбедност.

Спорно беше што Ристовска предавала на економскиот факултет на приватниот Универзитет Скопје каде диплома добил Христовски, но и Ристовска и обвинетата Димитровска негираа дека станува збор за судир на интереси. Ристовска негира дека е на Универзитетот Скопје, иако и денеска на веб сајтот, стои слика како дел од кадарот кој работи во оваа институција.

Кога лани беше биран составот на ДКСК, Цвета Ристовска по 100 поени доби единствено од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Демократско движење ВРЕДИ. Високи оценки доби и од еден НВО претставник и од заменик народниот правобранител.

Сега претстои изборен период во кој Ристовска како еднаква, но и прва во ДКСК, ќе треба да ги води постапките и да ги контролира функционерите да не злоупотребуваат народни пари и државни реурси за партиски и лични цели.

Миомир Серафиновиќ