Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали Британија ќе засолнува сопствени баратели на азил и емигранти во центри низ Македонија- името на државата, според медиуми, е меѓу дестинациите со кои Лондон преговара

/

пред 511 дена

Сподели преку :

Македонија, Србија или Босна- се останатите потенцијални партнери за хубови односно центри за прифаќање на азиланти кои бараат престој во Велика Британија, објавија повеќе медиуми од островот.

Британскиот премиер Кир Стармер потврдил дека првата посакувана дестинација за таа цел  Албанија не се согласила на таков договор иако во Албанија веќе е домаќин на два центри за притвор на мигранти од Италија.

Потенцијалните партнери, како што пишува британски Телеграф би можеле да бидат Србија, Босна и Северна Македонија, при што секој договор ќе бара од Велика Британија да плати за секој барател на азил кој е преместен во конкретната држава која ќе го прифати договорот.

Британски „Тајмс“ објави дека британската Влада е во разговори со девет други земји за кои се надеваат дека ќе бидат домаќини на овие центри. Од Македонија засега нема реакција на написите на британските медиуми.