Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недостиг од инсулин, ленти и сензори – 2023 најтешка година за дијабетичарите

/

пред 1058 дена

Сподели преку :

И во пресрет на 14 ноември, Ден за борба против дијабетесот, Здружението на дијабетичари од Тетово, со порака за конечно решавање нивните проблеми со нередовно доставување терапија, ленти, сензори.

Велат 2023 им била најлоша во тој поглед, па се снаоѓале како знаеле, или позајмувале или купувале.

„Јас сум 30 години дијабетичар, оваа 2023 е една од најтешките години, кога се соочувавме со проблеми – дали со инсулин, дали со иглички, а да не зборуваме за апаратчињата уште од февруари требаше да ги добијат сите дијабетичари што примаат инсулинска терапија, но еве денеска сме 10 ноември уште немаме добиено, дали има и 10 % имаат добиено“. – изјави Душко Игневски, претседател на Здружение на дијабетичари Тетово

 

„Најголем проблем е со лентите. Купувам, од пријатели што им остануваат кои помалку треба да мерат колку им е шеќерот. Од здравство да ни дадат многу тешко. 6 месеци немавме, 6 месеци се снаоѓав како што знаев, не можеш без да провериш за да ја знаеш состојбата“. – изјави Перикле Апостолов

Загрижува фактот што бројката на нови пациенти со шеќерна болест во Тетово постојано расте, а меѓу нив често се и деца.

„Во општина Тетово според последните податоци од Инсулинската аптека бројката е околу 4000 граѓани коишто се на инсулинска терапија, од нив 130 се млади деца коишто се со тип 1. Може да се каже дека секоја година сеповеќе, секој втор-трет ден излегуваат нови дијабетичари“. – изјава Душко Игневски, претседател на Здружение на дијабетичари Тетово

 

Во насока на превенција и навремено откривање на дијабетесот, тетовското Здружение организираше бесплатно мерење на шеќерот во крвта.

 

Данијела Билбилоска