Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска напладне завршува неизвесноста за македонските граѓани кои останаа заглавени во Израел

/

пред 1087 дена

Сподели преку :

Денеска напладне завршува неизвесноста на уште осумдесетината македонски граѓани кои се наоѓаат во завојуваниот Израел. Владата закупи авион од ЕР СРбија и со него ќе бидат евакуирани сите македонски државјани кои се обратиле за помош до македонските дипломатски претставништва и кои се лоцирани и регистрирани на нивните безбедни локации. Последните информации кои вчера МНР ги сподели со јавноста се дека за сега неизвесна останува евакуацијата на брачен пар кој во моментов е заглавен во Газа. Се обиделе да ја напуштат областа преку преминот рафа кон Египет но тој бил затворен непосредно пред да ја реализираат намерата. Друг копнен излез од земјата нема со оглед дека израелската армина постави обрач по должината на целата граница со Појасот Газа и не дозволува никој да ја премине границата.

Од МНР потврдуваат дека во моментов двајцата македонски државјани се безбедни како и дека се бара начи како да бидат спасени и евакуирани со помош на египетските власти.