Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здрав, а го пратила на боледување за да не шири Синдикат, од хаусмајстор станал градинар – КСОМ за мобинг кон вработен од директорка на градинка

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Директорката на градинката „11 Октомври“ , Мими Зашовска со мобинг принудува вработен, кој е здрав, да оди на боледување, за да не се прошири Самостојниот синдикат на градинки на Град Скопје во оваа установа, зашто вработениот е претседател на овој синдикат, велат од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ).

Според генералниот секретар на КСОМ, причина за тоа е ширењето на синдикалното движење кое наидува на отпор од работодавачите во оваа и во повеќе други институции. Претседателот на Самостојниот синдикат на градинки, Зоран Славковски вели дека од директорката на градинката противзаконски добил решение за ново работно место, од хаусмајстор во градинар, додека бил на боледување поради физичка повреда. А, директорката го праќа на боледување поради психички проблеми кои на направениот специјалистичкиот преглед не се констатирани.

„Бев на психијатар и на психијатар ми го дадоа тоа, за неа тоа не важело. И на одговорната вчера и рекла веднаш да ја напуштам работата, веднаш да си земам боледување или ќе ми викнела полиција. Јас бев во полиција и ја известив и полицијата. Полицијата ми кажа дека тие немаат такви надлежности да ме исфрлат од работа“, рече Зоран Славковски, претседател на Самостоен синдикат на градинки на Град Скопје.

„Ова се случува во екот на експанзија на синдикалното движење на Самостојниот синдикат на градинки, на ниво на Град Скопје. И бараме јавно извинување од страна на директорката, да го повика синдикатот. Законот за работни односи е дециден. Доброволно е пристапувањето во синдикалното здружување. Значи, овој синдикат веќе има 25 члена во делот на градинките во Општина Бутел, така што Зоран како претседател и јас како генерален секретар на Конфедерацијата, сме расположени да ги смириме страстите, да не одиме по судски институции“, кажа Гоце Делчев – Тодев, генерален секретар на КСОМ.

Сотир Трајков