Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дискурсот на Бугарија кон Македонија сличен како рускиот кон Украина, премиерот Ковачевски на Совет на Европа по провокациите на Јотова

/

пред 1252 дена

Сподели преку :

-Дискурсот кој нашироко се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е лажни и неосновани обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно призната како успешно  функционално модерно мултиетничко општество и демократија.Сите меѓународни извештаи за човекови права го потврдуваат тој факт, рече претседателот на владата Димитар Ковачевски на сесијата на Советот на Европа кој се одржува во Рејкјавик, Исланд.

Ковачевски реагираше по обраќањето на бугарската потпретседателка Јотова на истиот самит во Рејкјавик, каде таа ја обвини Македонија за систематско прекршување на правата на Бугарите.

-Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги  почитува пресудите на ЕСЧП  и стандардите на Советот во областа на човековите права, одговори од истата сала, премиерот Ковачевски.

Бугарскиот однос кон Македонија е ист како рускиот кон Украина, Ковачевски со остар одговор на обвинувањата на Јотова