Полицијата потврди дека два хеликоптери кои се опремени за гаснење на пожари се во дефект после интензивните активности во борбата против пожарите.
Во текот на јули и август двата хеликоптера на МВР за гаснење на пожари имале 310 часа налет, при што во 1.500 циклуси се исфрлени над 3.000 тони вода врз пожарите во државата.
-При овие интензивни активности, кај хеликоптерот Бел-412 се појави дефект, кој заедно со експерти од Шведска очекуваме да го санираме и да биде повторно вратен во употреба во текот на неделата Кај хеликоптерот Ми 171, пак, по утврден дефект, нашите стручни лица се преземаат максимални напори да се врати што побрзо во употреба, изјави Гоце Андреевски од МВР.
Еден од двата хеликоптери беше оспособен и се користеше за медицински транспорт. Третиот активен хеликоптер на МВР е на редовен сервис.
Истовремено два од трите ер-трактори исто така се надвор од погон и се на поправка поради употребата за тешката летна сезона на пожари.











