Двајца напаѓачи влегле во чајџилницата во Чаир синоќа околу 21:40 часот и виле вооружени со автоматско оружје.
По влегувањето почнале да пукаат во групата која седела на една од масите. Најтешко повредениот починал во болница. Ранети се уште двајца, а едно лице има полесни повреди.
Полицијата изврши увид и проверува дали нападот е поврзан со сличен напад лани во мај кога беше убиен Камер Идризи. Жртвата од синоќа е негов близок роднина, а МВР соопшти дека трага по напаѓачите.
-Од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22.20 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје, соопштија од МВР.











