Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екс претседателот на ФФМ, Сејдини однесен во притвор во Шутка- осомничен е за проневера со аванс од 660 илјади евра за стадионска трибина

/

пред 167 дена

Сподели преку :

Доцна синоќа, во затворот Шутка е префрлен Муамед Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија откако кривичниот суд му определи 30-дневен притвор. Од затворот, за Телма потврдија дека се применети сите процедури за прием на нови притвореници кои предвидуваат и медицински преглед.

Сејдини е осомничен за кривично дело “проневера во службата” за што Кривичниот законик предвидува казна од најмалку 4 години затвор бидејќи станува збор за проневерена финансиска сума со износ кој надминува значителна имотна корист. Сумата изнесува 660 илјади евра, исплатена е во декември 2024-та како аванс на фирма за изградба на трибина на стадион во Охрид со средства добиени од УЕФА.

Авансот бил 20% од вкупниот договор вреден над 200 милиони денари, а Сејдини го потпишал иако не бил предвидена авансна исплата, тој како претседател на ФФМ не бил овластен за таква одлука и воопшто немало банкарска гаранција.

Кривичниот суд му определи притвор од 30 дена на екс претседателот на ФФМ Муамед Сејдини откако обвинителството бараше најстрога мерка поради “опасност од бегство и оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците”.

Миомир Серафиновиќ

Поради опасност од бегство и можно влијание врз сведоци, обвинителството бара, а судот одреди притвор за екс претседателот на ФФМ Сејдини