Обвинителката Фатиме Фетаи се откажала од битката за шеф на Вишо јавно обвинителство-Скопје.
Фетаи е недостапна на мобилниот телефон за да објасни зошто се откажала во последен момент но инаформацијата ја потврди претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски. Во телефонски разговор за Телма ни рече дека добил известување по електорнска пошта дека се повлекува но планира во текот на денот да се слушне со неа за да му потврди дека таа го испратила известувањето.
Ова доаѓа само неколку дена откако Советот на јавно обвинителство во понеделникот по еден ипол час доцнење одлучи да ги одложи точките од денвен ред кои се однесуваа на избор на шефови на седум основни и виши обивнителства.
Образложението беше дека доцна стигнале оценките и членовите им треба време да ги изанализираат досиејата на кандидатите. Јолевски негираше дека станува збор за притисоци однадвор или купување дополнително време поради неусогласени ставови кого да изберат
Во обвинителските кругови се шпекулира дека се бара мнозинство актуелниот шеф Мустафа Хајрулахи, да биде реизбран. Дали ова е причината поради која Фетаи се повлекува за сега нема никаво образложение од неа.











