Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Директорот на кичевската болница со дисциплински мерки им се заканува на вработените доколку контактираат со медиуми

/

пред 1062 дена

Сподели преку :

Директорот на болницата во Кичево Станко Трпески со известување кое беше доставено до Телма забранил на вработените да контактираат со медиуми и новинари.

-Се известуваат сите вработени во ЈЗУ Општа болница-Кичево дека се забранува секаков вид на давање изјави и комуникации со медиуми поврзани со делот на работата на болницата, во и надвор од работното време, стои во известувањето на директорот Трпески испратено до сите началници и одговорни лица.

Сите вработени се известени да се придржуваат до забраната или во спротивно доколку контактираат со медиуми ќе бидат дадени на дисциплински постапки за да им се изречат дисциплински мерки.

Известувањето односно забраната, според податоците испратени до Телма е донесено на 6-ти ноември, во понеделник, и е заведено со архивски број.