Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Хаос по скопските улици, синдикатот го блокира влезот во главниот град кај Автокоманда

/

пред 1574 дена

Сподели преку :

Тешки камиони и товарни возила од утрово поминуваат низ Аеродром и Маџари за да се приклучат на автопатот по блокадите на ССМ кај Автокоманда. Синдикалците го организираа протестниот штрајк, а покрај оние што се обидуваат да влезат во главниот град од правец на Автокоманда, проблеми имаат и жителите на Скопје кои се движат кон или од правец на оваа скопска населба.

Штрајкот кај Автокоманда ќе трае од 7 до 10 часот денеска.

Денеска е четврти ден на генералниот штрајк на Јавниот сектор. Штрајкувачкиот одбор на ССМ, како што најави, го блокираше влезот во Скопје и крстосницата на главниот булевар во населбата Автокоманда.

Барањата се исти, 2.806 денари усогласување на платата од 1 јули, К-15 и нов Колективен договор. Денеска претседателството на ССМ ќе одлучи кои ќе бидат наредните чекори, а се најавува протести пред Собранието и пред министерството за труд и социјална политика