Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО од егзекуторот во Ист Гејт Мол кој го застрела Штекли, МВР бара помош

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан.

-Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, анонимно веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112, соопштуваат од МВР.

Идентитетот на осомничениот се гледа и на видеото од безбедносни камери.

Полицијата се огласи за пукањето во Ист Гејт Мол во кое е ранет Штекли