Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Стигнаа нови 140.000 пасоши

/

пред 969 дена

Сподели преку :

Синоќа во Македонија стигна уште една пратка обрасци за пасоши со новото уставно име. Станува збор за 140.000 нови обрасци, објави МВР.

Пасошите ги пречека дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица, со што според соопштението, бил  демонстриран концептот „МВР за Граѓаните” на дело.

Бојмацалиев информираше дека покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што како што најави Бојмацалиев, бројката од 225.000 обрасци се комплетира.

„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, информираше Бојмацалиев, според соопштението на МВР.

Бојмацалиев упатил апел до сите граѓани “навремено да ги поднесат своите барања за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.”

-МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, наведува МВР.