Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Воената блуза на Зеленски продадена во Лондон, а парите ќе одат за обнова на ракетирана детска болница

/

пред 1610 дена

Сподели преку :

Украинската амбасада во Лондон објави дека во рамките на хуманитарната аукција под наслов „Со Украина“ е продаден и маслинесто-зелен воен дуксер со потпис на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Цената која е платена за дуксерот е 90.000 фунти или околу 100 илјади евра.

Зеленски од почетокот на руската агресија постојано во јавноста се појавува во блузи, дуксери, јакни и маици во боите на украинската униформа без разлика дали е на состаноци со воениот врв на Украина или со колеги-политичари кои почнаа да го посетуваат во Киев.

Украинската амбасада преку познатата уметничка галерија Тејт организираше наддавање за предмети поврзани со украинската војна. Беа продавани играчки донирани од првата украинска дама, слики од починатиот фотограф Макс Левин, како и препознатливиот дуксер, дел од воената униформа на Зеленски.

На аукцијата која според идејата на амбасадата треба да ја промовира Храброста на Украина и нејзиниот отпор кон рускиот агресор, се собрани околу милион фунти, кои че бидат наменети за обнова и повторно опремување на уништениот Западен Украински детски медицински центар.