Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фрчковски до Муцунски да не води „вмровски“ туку нормални истраги

/

пред 671 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денес, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека МНР спровело истрага за работата на Амбасадорот во Постојаната мисија на Северна Македонија во ООН, Љубомир Фрчкоски, и импровизираше дека во неа тој видел финансиски злоупотреби со шестоцифрени бројки, но за нив не можел ништо да зборува, туку ќе го предадел наводниот Извештај на правосудните органи кои понатаму, ако одлучат, ќе постапувале.

„Ова и од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста“ ИЗЈАВИ фРЧКОВСКИ.

„Го повикувам Министерот јавно, со минимум аргументи и докази, да покаже случај на, не мора шестоцифрена, ако му е многу, еве на двоцифрена злоупотреба на финасиски средства што јас сум ја направил надвор од овластувањата, кои со Законот за надворешни работи се овластувања на секој Амбасадор – и со тоа сум го оштетил буџетот или приватно сум злоупотребил средства од сметка на Амбасадата“ рече Фрчковски.

„Го повикувам исто така Министерот да не прави крупни, елементарни правни пропусти (за да добие посакуван резултат со конструирање на наводни злоупотреби), праќајќи во ревизија нелиценцирани, ненадлежни ревизори во пензија (за што има докази и сведоци) – чија “истрага и акти – Извештај“ не може да бидат користени како никаков правен доказ ниту во дисциплинска ниту во судска постапка. Имено, да не води “вмровски истраги“ туку да води нормални истраги, ако воопшто сака и има намера да дојде до вистината и фактите“ додаде Фрчковски.

Подолг мандат на амбасадорите, повисоки плати и професионализација – МНР најавува измени на Законот за надворешни работи