Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО-ГАЛЕРИЈА: Црни сончогледи и уништени бели дробови –протест на кочанчани пред Инспекторатот за животна средина поради загадувањето од Пејпер мил

/

пред 1606 дена

Сподели преку :

Жителите на Кочани денеска на протест пред Државниот инспекторат за животна средина. велат дека фабриката Пејпер мил испушта отровни гасови и ја загадува средината во која живеат, а решенија нема.

Бараат институциите да преземат итни чекори заради здравјето на децата. Поради немање слух на надлежните, кочанските активисти допатуваа во Скопје за да ги покажат лошите анализи кои влијаат врз нивното здравје.

Еколошките инспектори можеа да ги видат црните сончогледи и снимките од уништени бели дробови, инсталации кои заедно со кочански кебапи подготвени на сончогледови пелети се наменети да ги разбудат институциите и надлежните инспектори.