Здравствената состојба на претседателот на Собранието Африм Гаши е добра и стабила и тој е отпуштен од болница, информираат од кабинетот на Гаши.
-По краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна. Денес, г. Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки, велат од кабинетот.











