Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓиев по клубот „Ванчо Михајлов“: Загрижува фактот дека се игнорираат чувствата на Македонците

/

пред 1630 дена

Сподели преку :

Првиот човек на македонскиот тим во Комисијата за историските прашања со Бугарија Драги Ѓоргиев, за изборот на името на Клубот „Ванчо Михајлов“ за Телма вели дека е избрана една историска личност за која однапред се знае дека ќе предизвика реакција во македонското општество, односно кај Македонците.

-Она што загрижува е фактот дека се игнорираат чувствата на Македонците и не постои воопшто грижа за тоа какво влијание ќе има тоа именување врз меѓусебните односи на двата народа. Без разлика на тоа каква е содржината за Ванчо Михајлов кај бугарската заедница, таа содржина кај Македонците е крајно негативна и тоа треба да се почитува кога се именува културен  клуб во македонската држава. Пропуштена е шанса тој клуб да биде именуван со име на личност која навистина ќе придонесеше за приближување и за зголемување на меѓусебната доверба, вели Драги Ѓоргиев, копретседавач со Комисијата за историски прашања со Бугарија.

Продолжува молкот од Владата за „приватната“ посета на високи бугарски претставници за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“