Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хеликоптер од Чешка и пожарникари од Словенија утре пристигнуваат во Македонија

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска попладне изјави дека Република Чешка испратила официјална понуда за помош во справувањето со активните пожари на територијата на Македонија.

Помошта, како што информираше Ангелов, вклучува хеликоптер од типот „Блекхок“, кој веќе утре ќе полета и се очекува да пристигне во текот на денот.

„Понудата од Чешка ја прифативме веднаш“, рече Ангелов.

Дополнително, Македонија добила и понуда од Словенија за ангажирање на 50 професионални пожарникари, придружени со специјализирани возила за гасење шумски пожари.

-Словенечката екипа ќе тргне утре околу пладне и се очекува да пристигне во вечерните часови. Ќе бидат сместени во Берово, каде ќе се приклучат на напорите за справување со пожарите на планината Готен и ќе им дадат поддршка на локалните сили, истакна Ангелов.