Опозициската ВМРО-ДПМНЕ официјално поднесе интерпелација за претседателот на Собранитео, Талат Џафери за кршење на кодексот за етичко однесување на пратениците, како и за прекршување на Уставот и Деловникот за работа.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевскки ја образложи интерпелацијата и апелираше до пратениците од СДСМ и мнозинството дека сега е моментот, кога треба да се стават настрана партиските договори и да застанат во одбрана на, пред се човековите права.
На Џафери му порачаа да ја стави интерпелацијата на пленарна седница а не како предходната да ја крие во фиока и доколку смета дека работи одговорно да даде аргументи пред целата јавност.
На тапет на Џафери му се ставаат пцостите со кои, според аудио снимката, тој вршеше притисок врз службита во Собранието, и како што смета ВМРО-ДПМНЕ, го омаловажуваше нивното достоинство. За тоа, не им се извини на службите и рече пиеле кафе низ градот кога требало да бидат на работа.











