Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И со оперирана кила на тестиси, осудениот за автобуската несреќа кај Ласкарци, Ремзи Мифтари успеа да избега пред полицијата и правосудните органи- објавена потерница по него

/

пред 325 дена

Сподели преку :

Помеѓу Артан Груби и Васко Ковачевски, во делот „Потраги“ на сајтот на МВР, осамна фотографијата на Ремзи Мифтари со што и официјално е потврдено дека тој е недостапен и во бегство откако судот наложи полициско приведување за во затворот Идризово и за служење на затворската казна од 10 години.

Казната на Мифтари му е изречена за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која во 2019-та загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Тогаш од автопатот Скопје-Тетово излета и се  преврте автобус на „Дурмо турс“. Осудениот Мифтари беше одговорен за возниот парк во фирмата.

По неколкукратно одложување на одењето во затвор со образложенија дека е болен, па треба да се оперира од кила на тестиси, Мифтари не се пријави на поканата за издржување на затворската казна во Идризово.

На 18-ти ноември, судијата за извршување на санкциите од гостиварскиот суд, побара присилно приведување на Мифтари, но доцна. И со кила на тестиси, наведена во медицинско уверение, Мифтари избега пред правдата во Македонија. Од државниот Судски совет, велат дека ќе го испитуваат случајот.

Миомир Серафиновиќ

Судот и полицијата четири дена го бараат Ремзи Мифтари за да оди на издржување на 10-годишната казна затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници