Телото на младиот 16-годишен македонски државјанин Стивен Ивановски е идентификувано за што биле известени македонските дипломати во Швајцарија, потврдија за Телма од владата во Скопје.
Член на семејството потврдил дека момчето е најдено починато и идентификувано преку ДНК анализа, велат од владата која изразува длабоко жалење и сочувство за македонската жртва во пеколната новогодишна прослава во познатиот ски центар Кран Монтана во Швајцарија.
Сега се чека и официјална потврда од швајцарските истражни органи. Во трагедијата која се случи во барот „Le constellation“ во Кран Монтана загинаа 40 главно млади луѓе кои славеле Нова Година во барот, а повредени се најмалку 119 луѓе.











