Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИНРМ со иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја

/

пред 416 дена

Сподели преку :

Инцијатива до Уставниот суд поднесе  Здружението Инженери на Република Македонија за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото.

Во фактурите на ЕВН востановена е графа „Начин на кој е прочитано броилото: О = Отчитано; М = Проценета состојба“, со што на потрошувачите им се фактурира струја според проценки наместо според фактичка потрошувачка. Ова, претставува спротивставување на законот, правна несигурност и ризик граѓаните неправедно да бидат исклучени од мрежата како должници, објави МИА.

Со овој потег, преземен е финален чекор во справувањето со самоволието на ЕВН и од Уставниот суд се бара да се стави крај на праксата на паушално фактурирање. Како прилог до јавноста и институциите е доставен линк до целокупниот текст на иницијативата, се наведува во соопштението од ИНРМ.