Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изолиран инцидент, но трговскиот ќе работи нормално: Соопштение на Ист Гејт Мол по новиот напад врз Раде Штекли кој заврши со двајца ранети во гаражите на молот

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

-Во врска со инцидентот кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол во 15 часот, би сакале да ја информираме јавноста дека трговскиот центар, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива, соопштија од Ист Гејт Мол.

Според нив, „се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар.“

-Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот. Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите, уверуваат од Ист Гејт Мол, откако на иста локација во нивната гаража за два месеци двапати е пукано врз Раде Трајковски Штекли.

Во денешниот инцидент ранети се две лица, Штекли и неговиот сопатник. Потешко повредениот е префрлен на Клинички Центар. Полесно повредениот е на операција во Хирушката болница Наум  Охридски.

Трајковски беше спомнуван за време на истрагата за убиството на Мартин Јанушев на крајот на 2017-та, но по бегството беше екстрадиран од Србија, одлежа 6-месечна затворска казна за друго дело и не беше осомничен во истрагата за убиството на младиот Јанушев, кој бил поранешен фудбалер.

Раде-Штекли беше уапсен во 2011-та во Атина по италијанска потерница под сомнение дека заедно со уште неколку македонци, како и нивни партнери од Балканот учествувале во мрежата за местење на натпревари во италијанските фудбалски лиги. Беше екстрадиран во Италија, а по завршените процедури и одлежаниот притвор беше депортиран од Италија.

Првично: Повторно пукано врз Раде Трајковски-Штекли во Ист Гејт Мол, тој е ранет, а тешки повреди има и негов сопатник