Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочани бара правда – 29-ти „Марш на ангелите“

/

пред 314 дена

Сподели преку :

Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“ ги повикаа граѓаните да им се придружат денеска на 29-тиот „Маршот на ангелите“ во Кочани кој во 14:05 минути ќе почне од Паркот на револуцијата и ќе се одржи мирно „со љубов, со болка и со достоинство“, со потсетување дека зад секоја судска постапка стојат човечки животи и семејства кои чекаат правда.

Во меѓувреме, рочиштето за случајот „Пулс“ во Кривичниот суд во Идризово беше одложено.

Одбраната се пожали дека не го добила интегрираното обвинение и не може да се изјасни за вина.

Притоа, оштетените повторно побараа проширена истрага и потенцијална одговорност и за институциите, истовремено презентирајќи нови информации за здравствените последици кај преживеаните.

Трагедијата однесе 63 животи и повреди над 200 лица, оставајќи длабоки последици и трауми за заедницата.