Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крстевска Цалева времено на местото на Хајрулахи

/

пред 618 дена

Сподели преку :

Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со скопското Вишо јавно обвинителство. Таа доаѓа времено на ова место поради суспензијата на досегашниот шеф Мустафа Хајрулахи.

Тој беше суспендиран од вршењето на функцијата заради кривична пријава за малтретирање на свои колеги обвинители со што се отвори војна на релацијата Коцевски- Хајрулахи. Крстевска Цалева дојде како предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски, со едногласна поддршка од членовите на Советот на јавни обвинители.

По завршувањето на дисциплинската постапка против Хајрулахи ќе се знае епилогот, дали ќе се оди на избор на нов шеф на скопското Вишо обвинителство или Хајрулахи ќе се врати.

Во предлогот за Крстевска Цалева стои дека е обвинител со интегритет, без забелешки на нејзината работа, а била и неодамна избрана да работи во Вишото обвинителство.