Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија со најслабо реформско досие од сите земји во регионот – зависно од уставните реформи се уште со исти шанси како и Албанија кон крајот на годината да го отвори првиот кластер

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Македонија изминатата година не постигнала никаков напредок во ниту една од клучните области во првиот кластер од преговорите. Судство и борба против корупција, реформа на јавна администрација и демократски институции. Делумен напредок има само во делот на економските критериуми пишува во извештајот за напредок кој го објави Брисел.

Нема напредок во судството, а ЕК изразува загриженост за измените на Кривичниот законик, а се нотира и злоупотребата на европското знаменце.

Сепак ЕК ја фали владата за генералната посветеност на процесот на ЕУ интеграции и усогласеноста со надворешната политика со ЕУ, а ја критикува опозицијата за опструкциите во парламентот. Челниците на ЕУ денеска многу повеќе говореа за проширувањето, но и за Украина И Молдавија со кои ќе се отворат преговори во март. Грузија добива условен кандидатски статус напролет. И Босна и Херцеговина со условена препрока за почеток на преговори.