Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го пријавува Заев за висококатница во Дубаи на Антикорупцискиот тим на СДСМ

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Зоран Заев, партнерот на Венко Филипче, гради 40-катница во Дубаи, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски и се повикува на сведоштво споделено на интернет.

-Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и дека Венко Филипче има стан во Дубаи, рече Манасиевски кој презентираше видео со сведоштвото и го повтори обвинувањето за златни визи на Емиратите кои според владеачката партија ги имаат Заев и Филипче.

Манасиевски рече и дека затоа го пријавуваат Заев на Антикорупцискиот тим на СДСМ.

-Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко, и тоа лично за Зоран Заев. Дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40 катница? Од каде му се парите за тоа? Дали се од РЕК Битола и дали за тоа е вмешан Вице Заев? Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац? Дали за овие „бомби“ ќе расправа антикорупцискиот тим на СДС?, рече Манасиевски.