Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марковски: Поуки од трагедијата во Нови Сад да извлече и Македонија, и кај нас има објекти стари како новосадската станица кога доволно бетон се сметало за злостор

/

пред 701 дена

Сподели преку :

Корозија на носачите и можно влијание од реконструкцијата на објектот, ова се можни причини за уривањето на натстрешницата на железничката несреќа во Нови Сад, според деканот на скопскиот Градежен факултет Горан Марковски кој бил во Србија кога се случи трагедијата.

Професорот Горан Марковски контактирал со колегите и вели дека мора да се внимава со одржувањето на таквите објекти кои во периодот на средината на минатиот век биле градени и со штедење на бетон и градежни материјали. Тогаш, потребните количини бетон биле сметани за злостор и за злоупотреба, вели Марковски.

И во Македонија има критични објекти од тој период, брани, мостови, цевководи од акумулации и за нив е потребно редовно одржување, објаснува Марковски и за пример го посочи мостот „Обединети Нации“ меѓу Карпош и Влае во Скопје.

Потребно е да се формира тим и да се вложи во млади експерти, а струката и науката треба да се почитуваат и слушаат, додава професорот Марковски.

Мора и Македонија да воспостави систем за одржување на вакви витални објекти, порачува деканот Марковски.

Целата изјава во видеото.