Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марш за кочанските Ангели во Скопје- се бара активност од пратениците и правда во процесот за Пулс и 63-те загинати

/

пред 339 дена

Сподели преку :

“63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – беше пораката на еден од транспарентите на денешниот протестен марш во Скопје на родителите на жртвите во катастрофалниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани.

30-тиот Марш на ангелите се одржа во Скопје во организација на “Кој е следен” и здружението на родителите на загинатите во Кочани “16-ти март”.

Маршот почна цо 12:05 на Плоштадот Македонија од каде учесниците маршираа до Собранието каде побараа свикување на надзорна расправа за да се разјаснат сите моменти на трагедијата и да се откријат сите пропусти и сите одговорни бидејќи според нив, истрагата не ги зафати сите сегменти на одговорност во трагедијата во која загинаа 63 главно млади луѓе, а над 210 се повредени.

Маршот заврши пред скопскиот кривичен суд кој во средата ќе ја почне расправата во судскиот процес. Побараа и апелираа за правда и правични казни за виновниците за трагедијата.

Маршот и присутните побараа итни промени на системот во државата за да не се повтори нова  трагедија.