Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мазнева: Има договор со најголем дел од вработените, полицијата ќе ги обезбедува камионите на терен додека собираат смет

/

пред 1198 дена

Сподели преку :

По инцидентите на блокадите пред Комунална хигиена, камионите на претпријатието со полициска интервенција се излезени на терен, потврди и директорката на Комунална, Косана Николиќ Мазнева.

-Формирана е работна група од прва и втора смена заедно со трета и излезени се на терен со потребната механизација. По целодневните преговори најголем дел од вработените прифатија да се вратат на своите рсботни места и задачи. Вечерва екипите се придружувани од полиција, изјави Мазнева за ТВ Телма.

Таа најавува и други мерки против вработените кои протестираа незадоволни од серија откази, платите условите за работа и нејзниот однос кон нив.

-Во текот на утрешниот ден ќе следат постапки за откази на онаа група која три дена го узурпираше претрпријатието. Против иститие поднесени се денеска и кривични пројави за загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните, вели директорката Косана Мазнева за Телма.

Полицијата ги „ослободи“ камионите на Комунална Хигиена и тие тргнаа низ Скопје да подигаат смет- имало турканици на блокадите, а еден работник префрлен со Итна помош