Конзервативната организација во САД, CPAC, на својот профил на социјалната мрежа Х, објави дека на годишната конференција, говорник ќе биде и премиерот Мицкоски.
Претседателот на владата Христијан Мицкоски е повторно на патување во САД за да присуствува на конференцијата која објави дека ќе биде говорник на настанот.
CPAC е меѓу најголемите конзервативни организации во САД и е поддржувач на Трамп. Главен говорник ќе биде токму американскиот претседател, како и потпретседателот на САД Џ.Д.Венс.
На конференцијата ќе говорат и други конзервативни и десничарски политичари од САД, Европа, латинска Америка.
CONFIRMED SPEAKER: Hristijan Mickoski for CPAC in DC 2025
Learn more at 👉 https://t.co/zuAkf6v79l pic.twitter.com/LTAanQsbxy
— CPAC (@CPAC) February 20, 2025











