Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младиот Македонец Стивен Ивановски идентификуван, родители талкаат по Кран Монтана по потрага по информации за децата, нови страотни снимки од катастрофалниот пожар

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Телото на младиот 16-годишен македонски државјанин Стивен Ивановски е идентификувано за што биле известени македонските дипломати во Швајцарија, потврдија за Телма од владата во Скопје.

Идентификувано телото на Стивен Ивановски по трагичниот пожар во Швајцарска Кран Монтана

Член на семејството потврдил дека момчето е најдено починато и идентификувано преку ДНК анализа, велат од владата која изразува длабоко жалење и сочувство за македонската жртва во пеколната новогодишна прослава во познатиот ски центар Кран Монтана во Швајцарија. Сега се чека и официјална потврда од швајцарските истражни органи.

Тешката, спора и сеопфатна идентификација на 40-те загинати, како и на дел од тешко повредените дури утрово даде први официјални податоци за настраданите. Идентификувани се 4 загинати Швајцарци, две девојки на возраст од 16 и 21 година, и две момчиња тинејџери на 16 и 18-годишна возраст. Телата се предадени на нивните семејства.

Уште 36 жртви се во мртовечница, а многу родители се гневни поради спората реакција и немањето доволно информации за сопствените деца меѓу кои има и многу малолетни. Летисија Бродар, три дена талка по Кран Монтана барајќи информација за својот син Артур.

-Барам насекаде. Мојот син мора да е некаде. Неговите пријатели мора да се некаде. Мора да ги најдеме, затоа престанавме да чекаме и ќе ги најдеме. Како продолжувам? Па морам, бидејќи сум мајка. И како сите родители, нашите деца се наша крв, наше месо. Нема ништо поскапоцено од нашите деца. Ми останува само надеж за мојот Артур и за сите нив, изјави потресена Летисија Бродар.

Сведоците и младите туристи кои се обиделе да помогнат велат дека го виделе ужасот во живо во барот во кој никој не видел противпожарни апарати за гаснење.

-Дојдовме пред спасувачките тимови и видовме како луѓето горат, без коса, без делови од лице и од телото, со облека залепена на нивните тела. Навистина ужасно искуство и тешко да се опише со зборови, вели младиот Џакопо Бучи, кој бил сведок на пожарот.

Првично е утврдено дека пожарот настанал од прскалки закачени на шишиња шампањ. Според истражувачките новинари на швајцарски Блик, една фотографија покажува дека пожарот почнал во 1:26 часот по полноќ, кога една девојка премногу ја приближила прскалката до плафонот полн со акустичен лесно запалив сунѓер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)


Објавено е уште едно видео во кое се гледа како огнот брзо се шири, а младите гости и славеници го снимаат најверојатно мислејќи дека станува збор за пиротехнички ефект по кој бил познат барот „Соѕвездие“ или на француски „Le Constellation“. На крај се обидуваат да излезат преку затворените прозорци на приземјето додека огнот беснеел во подземниот дел на местото.

Барот бил реновиран кога го презеле сегашните газди кои дошле во Швајцарија од француска Корзика.

(ФОТО ФБ профил на барот „Le constellation“) Скалите биле стестени, плафонот наполнет со акустичен сунѓер, а не биле испочитувани строгите швајцарски против-пожарни правила кои налагаат да се вградат посебни незапаливи материјали во мебелот на објекти кои се наменети за повеќе од 200 гости.

Францускиот весник паризиен објави дека сопственикот имал криминално досие во Франција како и затворски казни за измами и киднапирање. Обвинителството во кантонот Вале соопштија дека е отворена кривична истрага против сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети кои се осомничени за убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.

-Потврдувам дека синоќа, на крајот од денот, е покрената кривична истрага против двајцата менаџери. Оваа кривична истрага ќе овозможи, во соработка со сите засегнати страни, да се подвлечат и истражат сите траги. Како што постојано наведував, ниту една трага или сомнеж нема да се занемарат. Сите можности се истражуваат и со отварањето на истрагата, ќе ни овозможи да продолжиме да делуваме според законот за кривична постапка, изјави Беатрис Пилу, обвинителката на кантонот Вале.

Миомир Серафиновиќ