Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски: Ако македонскиот јазик е „говор на омраза“, проблемот е длабок

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Ако Бугарија ги смета афирмацијата на македонскиот јазик и идентитет како говор на омраза, тогаш проблемот меѓу двете земји е многу посериозен од што мислиме, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков на вчерашната средба го замолил претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта да им обрне внимание на македонските власти дека говорот на омраза не помага во односите меѓу двете земји. Жељазков го уверил Кошта дека нема да поставува дополнителни услови за Македонија.

Претходно, во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент помина извештајот за Македонија, а не беше усвоен амандманот со кој пред термините македонски јазик и идентитет се додава придавката модерен. Беше најавено дека истиот амандман ќе биде предложен и на Пленарна седница на Европскиот парламент за десетина дена. Муцунски вели дека тоа е спротивно на вредностите на ЕУ.