Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

/

пред 563 дена

Сподели преку :

Верниците од исламска веросиповед во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.

Рамазан – Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва – Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

После молитвата, верниците си го честитаат празникот и се смируваат скараните. Потоа се доручкува во домашен амбиент во потесен круг на семејството, по што се посетуваат гробиштата, каде верниците се молат за душите на починатите.

Дома за најблиските се подготвуваат подароци, се посетуваат постарите, роднините, комшиите.

На трпезите покрај слаткото и баклавата, специјално за празникот се подготвуваат традиционални јадења.

Во Македонија Рамазан Бајрам е државен празник.

Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи