Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР откри кој нападна кошаркар на Работнички на теренот во Чаир, бил службено лице на домаќинот КК Чаир

/

пред 1393 дена

Сподели преку :

(детал од инцидентот, со круг е одбележан моментот на нападот врз кошаркар)

Вработен како фоторепортер во Кошаркарскиот клуб Чаир е осомничен за нападот врз кошаркар на Работнички кој се одигра синоќа. Инцидентот се случи во рамките на мечот КК Чаир-КК Работнички додека резултатот беше 44:23 за гостите од Градскиот парк.

По едно забивање од контра на гостинскиот тим, домаќинот Чаир побара тајм-аут, но имаше блиска средба и туркање меѓу двајца играчи на Работнички и на Чаир.

Од трибините под кошот на домашните, лице облечено во црно го претрча теренот и го удри гостинскиот играч (американец во тимот на Работнички). Потоа настана и мешаница на теренот, па натпреварот беше прекинат и регистриран во корист на гостите.

На крај, според МВР излезе дека напаѓачот е службено лице на домашниот клуб.

„Синоќа во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, открива билтенот на МВР.

Кошаркарската федерација допрва ќе одлучува за казната на чаирчани.

Инцидентот е на видеото на 1:08:00.

https://www.youtube.com/watch?v=VQvNXIxKI6o&t=4088s