Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР тврди дека Внатрешната контрола го истражува полицискиот началник кој сакаше осомничена на носилки да води на распит во станица

/

пред 435 дена

Сподели преку :

Осумнаесет часа пред распишувањето на изборите и можност за законска смена на директорката на училиште во Демир Хисат, полицијата почнала претрес во домот на осомничената. Терминот е потврден преку соопштение на МВР во кое се лоцира дека полицијата истражувала дело „Одземање или уништување службен печат или спис“ и во период меѓу 19:25 и 20:20 часот вршела претрес во домот на осомничената директорка.

За настанот имаше објавени видеа на ФБ на кои се гледа дека во операцијата учествува и полициски началник во Демир Хисар кој со пластични ракавици се наоѓа пред домот на осомничената. Жената повикала Итна помош поради висок крвен притисок, но началникот упорно ги негира тврдењата на лекарскиот тим и бара „ако треба и на носилки“ да ја носат во полициска станица. Обвинителството потоа негираше дека воопшто барале приведување или итен распит на осомничената како што бара полицискиот началник.

-Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста, соопштија од МВР.

Во соопштението е наведено:

На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л.

(ВИДЕО) Полициски началник наредува Итна помош да носи осомничена со висок крвен притисок во станица- Обвинителството вели не е барано приведување