Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На единствениот исправен радар на скопскиот аеродром му прегореле информатички делови- ќе се поправа додека новиот радар седи неотпакуван во дворот на кулата на М-НАВ

/

пред 391 дена

Сподели преку :

Му прегореле информатички делови на компјутерот на работа поради што веќе втор ден на скопскиот аеродром не работи радарот.

Авио сообраќајот е безбеден, а се користат услуги и на радари од соседните земји за прелети. Дефектот се случил среде викендот кога било пријавено дека изгореле РАМ мемориска картичка и чипови на единствениот исправен радар бидејќи вториот подолго време не функционира.

-Бев известен околу 4 часот наутро, ноќта меѓу сабота и недела. Веднаш се преземени мерки за ефикасно радарско покривање и безбедно одвивање на возушниот сообраќај. Порачани се делови иако бидејќи беше викенд имаше проблем за контактирање со добавувачите. Некои работи се прават и кај нас. Авио превозниците се известени за поефикасно и попрецизно формулирање на временските слотови за слетување и полетување, ни изјави телефонски, Владимир Ристески, претседател на УО на М-НАВ. 

Според податоци на Телма, по дефектот може да слетуваат максимум 4 авиони на час. Тоа може да се види и од распоредот за авионски летови на аеродромот.

Надлежните очекуваат брзо поправање на радарот. Од друга страна, во дворот на М-НАВ до скопскиот аеродром стои новиот радар набавен од Италија кој е неотпакуван и во оригиналното пакување како што стигнал пред неколку месеци.

Ристоски ни посочи дека во тек се активности за инсталирање на новиот радар кој е купен во рамки на проект за македонската навигација со финансиска помош на Европската банка за обнова и развој. Планот е во февруари наредната година да профункционира и почне да се користи новиот радар.

Миомир Серафиновиќ