Министерот за здравство, Арбен Таравари потврди дека Александар Карадаковски е 60-тиот загинат во пожарот во Кочани и дека бил во најкритична состојба од над 200 повредени. Карадаковски беше префрлен на лекување во Литванија.
-За жал, утрово, пред два часа, ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија, кој беше од тие четири пациенти, најкритичниот. Од први април му откажаа и бубрезите, беше ставен на дијализа, утрово ја добив информацијата дека починал, изјави министерот Таравари.
-На пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја добив поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и да ни се вратат во државата, додаде Таравари.
Според информациите од Таравари, во критична и лоша состојба се уште тројца пациенти. Кај нив, повремено се забележуваат подобрувања, но и влошувања на состојбата.
Карадаковски беше и соомничен од Обвинителството во истрагата за пожарот бидејќи официјално беше сопственик на фирмата „ММММ кафе ДООЕЛ“. За неформален сопственик на Пулс се смета Дејан Јованов-Деко кој исто така е опфатен со истрагата и е во притвор. Претходен сопственик на „ММММ Кафе“ бил Митко Стојанов.











